Бесплатен очен преглед за 2.700 млади карпошани

Од:

Вкупно 2.700 дечиња во општина Карпош од декември 2017 година до 1-ви јуни годинава се прегледани во рамки на проектот за проверка на видот.

Како што информираат од општина Карпош прегледани беа основците од сите десет училишта, а во подоцнежната фаза и дечињата од сите градинки на територија на локалната самоуправа.

Бесплатните превентивни очни прегледи ги спроведе Lions Club Kale преку проект, во соработка со Lions District 132 Club Македонија и USAID.

Примарна цел на проектот е да се откријат евентуалните аномалии со слабиот вид кај најмладите уште во рана фаза и во тој случај, да се препорача посета на стручно медицинско лице – офталмолог, за понатамошен третман.

Иницијатор на овој проект е д-р Мики Филев, член на Советот на Општина Карпош.

Локалната самоуправа и во новата учебна година, интензивно ќе работи на зголемување на детската заштита.

– Овозможувањето подобри услови за престој и едукација во воспитно – образовните установи е приоритет на кој се работи преку различни проекти, но и преку соработка со други чинители, кои покажуваат општествена одговорност и грижа за локалната заедница, се наведува во соопштението од општината.

Би можело да ве интересира

Затворена кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“ – неколку деца се хоспитализирани

А1он

55-годишен скопјанец е пронајден мртов во својот дом во Карпош

Горан Наумовски

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец