Македонија ги менува имињата, но убавината и вкусовите никогаш

Од:

„Македонија ги менува имињата, но убавината и вкусовите никогаш“, е насловот на написот што го објави вчера „Gastronaut.hr“, најголемата хрватска веб база на ресторани и рецепти.

Во текстот, чиј автор е Карин Мимица, професор и уредник на  „Gastronaut.hr“, фокусот е ставен на нашето историско наследство и гастро-културата.

– Македонија, земјата на сонцето, природата, планините, кањоните и езерата, земјата богата со историско наследство од антиката, преку Византија и Отоманската империја до спомениците со понов датум. Од неа не делат час и 15 минути, доколку патувате со авион до Скопје, а повратниот билет чини околу 100 евра, или поголем број часови возење во еден ден, пишува Мимица.

Поранешната југословенска република Македонија наскоро и официјално ќе го смени името во Република Северна Македонија за да не ја мешаат со грчката покраина Македонија, додава Мимица. Името се менува, убавината и вкусовите остануваат исти, а понудата на активности се повеќе се прилагодува на барањата на современите туристи.

Според Мимица, Скопје и Охрид се перјаницата на македонскиот туризам чиј главен адут е гостопримливоста, длабоко всадена во карактерот на населението.

Осврнувајќи се на природните убавини и богатството што го има Македонија, авторката препорачува да се посетат Матка, Маврово, Јанче, манастирот „Св. Јован Бигорски“,…

Мимица детално го пренесува и впечатокот од нашата гастрономска култура.

– Оброкот во Македонија редовно почнува со македонско мезе – низа мали традиционални јадења меѓу кои ајвар, пинџур, макало, сирење, големи македонски маслинки и шопска салата. Како аперитив се пие „мастика“ или „жолта“. Иако Македонците се горди на своите вина, ракија обично се пие и со предјадењето, се до главното јадење, пишува Мимица.

Целиот текст може да се прочита на интернет страницата  https://www.gastronaut.hr/blog/213/makedonija-mijenja-imena-ali-ljepotu-i-okuse-nikada/.

Карин Мимица беше дел од тимот новинари од регионот кои минатата недела ја посетија Македонија. Престојот во земјава го овозможи Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ).

Новинарите најпрво пристигнаа во Скопје, каде ги посетија Старата Чаршија, Старата железничка станица, Спомен куќата на Мајка Тереза, црквите „Св. Спас“ и „Св. Димитрија“, плоштадот „Македонија“, Калето, Матка и Пантелејмон, а потоа на агендата беа Маврово и Дебар со манастирите „Јован Бигорски“ и „Рајчица“, како и Охрид, Битола и винскиот регион на Македонија.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ