ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ мора да си заминат за Македонија да тргне напред

Од:

„Зоран Заев е сериозна закана по Република Македонија, која мора да биде совладана.

Срамниот капитулантски договор со кој се откажа од името Република Македонија и се што е македонско го правдаше со добивање на датум за преговори само за да ги прикрие сите криминални тендери и зделки.

ЕУ вчера јасно ни даде до знаење дека капитулантските политики на Заев не не придвижуваат ни милиметар на патот кон истата.

Членството во ЕУ бара работа и посветеност, а не трговија со државните интереси. Република Македонија има потреба од реформи, а не од штетни договори.

Зоран Заев е човекот кој трајно ги наруши македонските позиции. Зоран Заев е човекот кој прифати промена на Уставот на сопствената држава, бришење на идентитетот и јазикот. Зоран Заев е човекот кој сака да ги искине корените на сопствениот народ и истото да го претстави како голем успех и бенефит.

Зоран Заев ја разорува државата повеќе од една година. Откако Зоран Заев е на власт државата оди назад. Повеќе од една година е испуштена, период во кој можеа да се направат реформи кои навистина и се нужни на државата, како за членство во ЕУ, така и за самата себе.

Зоран Заев е човекот кој прокоцка повеќе од една година од животот на граѓаните. Зоран Заев е човекот кој прокоцка една година од иднината на Република Македонија. Зоран Заев е човекот кој го наруши угледот на државата до незамисливи граници.

ЕУ даде јасна порака. Република Македонија има потреба од деполитизирани институции, слободно судство и функционален правен систем. Република Македонија има потреба од реални мерки и проекти кои носат подобар живот, а не од штетни договори.

Зоран Заев е зло кое веќе премногу ги чини граѓаните и државата. Зоран Заев е зло кое ја уништува државата. Зоран Заев и СДСМ мора да си заминат за Македонија да тргне напред. Македонија може и ќе победи“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО