(ВИДЕО) Арсовски: Шекеринска си купува 11 возила за 9,5 милиони денари

Од:

„Уште еден нов скандал на криминалниот картел на Зоран Заев и на СДСМ.

Криминалниот картел на чело со Зоран Заев повторно продолжува преку сомнителни тендери да испумпува милиони на сметки на фирми блиски до СДСМ.

Министерството за одбрана на чело со Радмила Шекеринска распишува повик, а Делукс – Ауто од Куманово, инаку многу познат донатор на СДСМ во повеќе кампањи наназад го добива тендерот во висина од девет ипол милиони денари, при што набавени се 11 возила од марката Шкода“, рече Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Прашуваме како е можно Делукс – Ауто од Куманово, фирма која што не е генерален увозник на возилата од марката Шкода, туку само дилер од втора рака, се јавува како фирма која е поповолна од фирми кои што се генерални застапници на истите возила во Република Македонија?

Фирмата Делукс – Ауто, која што е дилер на возила, не е и не може да биде поевтина од било кој генерален застапник на истите возила. Единствена предност на оваа кумановска фирма е тоа што се јавува на донаторските списоци на СДСМ каде што Радмила Шекеринска е заменик претседател.

Дали СДСМ и Радмила Шекеринска со пари од граѓаните ги враќаат долговите кон фирмите донатори во партиските кампањи на СДСМ?

Криминалниот картел ја претвори државата и парите на граѓаните во средство за поткусурување и враќање на стари долгови кон нивните донатори. Недозволиво е државата да се злоупотребува во име на партијата.

Делукс – Ауто од Куманово, по тендерот од 1 милион евра од МВР, сега со амин на Радмила Шекеринска добива нов тендер од над 150 илјади евра. Ова почитувани граѓани, е начинот на кој што работи СДСМ.

СДСМ не смее преку државните институции да враќа партиски долгови. СДСМ не смее да се расфрла со државните и со народните пари. ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека сите институции мора да ги почитуваат законите и да се однесуваат согласно законските постапки, секое поразлично делување ќе биде санкционирано со враќањето на демократијата и правната држава во Република Македонија“, изјави Димче Арсовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години