СДСМ: Дали ВМРО-ДПМНЕ сака Македонија да остане изолирана, надвор од ЕУ и НАТО?

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ со денови наназад се служи со измислици, невистини и лажни вести за постигнатиот историски Договор со кој се решава 25 годишниот спор, што со децении земјава ја влечеше надолу.

По таквото антидржавничко однесување, логично се поставува прашањето дали во ВМРО-ДПМНЕ постои елементарно непознавање или се работи за намерна деструкција со цел Македонија да остане изолирана држава, надвор од интегративните порцеси?

Постигнатиот Договор меѓу Македонија и Грција решава еден од основните предуслови за интеграција на Македонија во ЕУ, а тоа се добрососедските односи. Тоа влијае на стабилност на целиот регион.

Наспроти лажните наводи на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, конечниот Договор го гарантира македонскиот идентитет, македонскиот јазик и македонската посебност. Истовремено со него ширум се отвораат европските перспективи, Македонија е пред историска шанса од добивање датум за преговри со ЕУ и покана за полноправно членство во НАТО.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ има намера и суштински, а не само декларативно да работи за интересите на граѓаните и државата, тогаш ќе го поддржи овој историски договор и ќе каже ДА за македонската иднина. Во спротивно, опозициската партија покажува дека нема капацитет да ги надмине погубните политики на поделби, конфликт и изолации, политики што беа силно поразени од граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он