Тимот на Шпанија се квалификуваше за осминафиналето на Светското првенство по драматичните 2:2 со Мароко во натпревар од групата „Б“, одигран синоќа во Калининград.
Јагос Аспас донесе бод за „Фуријата“ со гол во 91-та минута, кој првично се сметаше за офсајд, но интервенцијата на ВАР системот ја донесе правдата.
Бутаиб го отвори резултатот за Мароканците во 13-тата, но Иско изедначи шест минути подоцна. Во 81-та, Ел Несири ги шокраше Шпанците, но доцен гол на Аспас со пета го формираше конечниот резултат.
Шпанците по мечот завршија први во групата, поради подобра гол разлика од Португалија.
Во осминафиналето, Шпанија ќе се соочи со домаќинот Русија.