ЕКОВАС: Да се испратат уште војници во Мали

Од:

Економската заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС) соопшти дека ќе го зголеми бројот на своите војници во Мали.

На денешниот итен состанок во Абиџан, началниците на генералштабовите на земјите-членки на ЕКОВАС одлучија да го зголемАТ бројот на своите војници во Мали, така што нивниот број би бил 5700, изјави началникот на генералштабот на Брегот на Слоновата Коска, генерал Сумаила Бакајоко.

Во Мали, за сега се распоредени 4.000 војници на ЕКОВАС, кои дејствуваат во рамките на меѓународната мисија за поддршка на Мали.

Во Мали ќе отидат и 2.000 војници од Чад, кои не се дел од мисијата, но соработуваат со таа меѓународна организација.

Францускиот министер за одбрана, Жан-Ив Ле Дријан денес потврди дека француските војници ја завзедоа зоната околу аеродромот и мостот во градот Гао во североисточен Мали, едно од упориштата на исламистичките бунтовници.

Меѓународната мисија за подршка на Мали треба да и помогне на малиската војска да го поврати интегритетот, откако исламистичките бунтовници го искористија хаосот создаден по државниот удар во март минатата година и го окупираа северниот дел на земјата.

Претседателот на Франција, Франсоа Оланд на почетокот на јануари одобри воздушни напади во Мали, бидејќи исламистите започнаа офанзива кон југ и го окупираа градот Кона.

Би можело да ве интересира

Шефот на кабинетот на претседателот на Мали убиен во заседа

Ана Ололовска

ОН: Во напад на Мали загинаа двајца мировници, а четворица се повредени

Ана Ололовска

Мали побара итен состанок на Советот за безбедност за француски „акти на агресија“

Ана Ололовска

Германија го суспендира учеството во мировната мисија на ОН во Мали

Ана Ололовска

Во Мали убиени двајца припадници на мисијата на ОН

А1он

Европската комисија ја осуди цензурата од Владата на Мали за француските државни медиуми

Ана Ололовска