Џудо клубот „Сеишин“ од Прилеп освои шест медали на Европското клупско првенство во традиционално јапонско џудо што вчера се одржа во Солун, во организација на џудо клубот „Ираклис“
Клубот се врати со стопроцентна успешност од првенството, зашто сите шест натпреварувачи освоија медали. Прилепските џудисти освоија два златни, еден сребрен медал и три бронзени.
Прво место и златни медали освоија џудистите Марио Тошески и Јован Најдоски, Киро Здравески освои сребрен медал, а бронзени медали добија џудистите Михаел Конески, Марио Цинцароски и Александра Најдоска.
На приелпскиот клуб „Сеишин“ на овој натпревар му беше доделен и пехар за стопроцентна успешност на шесте натпреварувачи, како и за настапот на најстариот натпреварувач Киро Здравески кој има 68 години.