(ВИДЕО) Јанушев: Штабот на ВМРО-ДПМНЕ каменуван од луѓе блиски до власта

Од:

Вечра вечер беше обоен централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ. По тој повод прес-конференција одржа генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев.

„Нападот на ВМРО-ДПМНЕ е акт на насилство и вандализам. Но и напад на сите оние кои ги штитат Македонските националните интереси.

Индициите за ова говорат дека одговорноста за ваквиот напад се структури блиски до власта – по принцип на шарената револуција.

На што го темелиме ваквото убедување?

Веќе подолг период ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека власта предводена од Зоран Заев готви насилно сценарио спроведувано од свои инсталации и полициски структури чија цел е да го втурне ВМРО-ДПМНЕ во насилство како би можело полесно да се делегитимира нашата борба против капитулацијата на Зоран Заев со договорот за името.

Власта преку овие и слични провидни провокации посакуваат нов 27 -ми април, каде Зоран Заев би се прикажал за жртва, а ВМРО-ДПМНЕ би била оцрнета“, рече Јанушев.

„Првиот таков неуспешен пример беа насилните протести пред собрание, каде за жал колатерална штета беа недолжни граѓани, жени и деца.

Тоа е целта и на вечерашниот напад, за кој многу веројатно дека ќе сака да се прикаже како наводно незадоволство на незадоволници од ВМРО-ДПМНЕ, а впрочем вистинската одговорност лежи во оние кои ја имаат власта.

ВМРО-ДПМНЕ има прецизни информации за оперативци од полициските структури кои финансираат и подбуцнуваат насилство кое треба да се насочи кон ВМРО-ДПМНЕ. Во ова се вклучени и лица од раководството на СДСМ. Впрочем на сето ова претходела и една средба во еден од скопските кафулиња каде лица од СДСМ биле во друштво со лица со дебело полициско досие, при што биле стимулирани да предизвикаат насилство.

Ова е вистинското диктаторското лице на Зоран Заев. Во негови раце е и полицијата, и судството и сите механизми да го спречи сето ова и да ги открие сторителите.

Ова е сериозен удар на демократијата.

Ова е сериозен удар на демократските процеси каде главната опозициска партија е под напад.

Овој начин на функционирање е препознатлив само во афричките диктатури.

И ова е сериозен доказ дека власта ја губи контролата.

Очекуваме жестока реакција и од меѓународната заедница која на дело може да види како функционира картелот на власт.

Сега ќе се обратам до оние кои јалово се надеваат дека ќе не втурнат во сценарио од кој што бенефит би имале оние кои ја распродаваат државата на економски и политички план:

Ние сме В М Р О! И треба да знаат дека ВМРО-ДПМНЕ нема да се поколеба ниту милиметар во своите ставови во однос за договорот за името. Овој чин не прави поупорни и похрабри … поупорни и похрабри да истраеме во нашето право да се спротивставиме со сите демократски средства на овој договор.

Повикуваме сите членови да се воздржат од било какви провокации од страна на власта. Ваквите сценарија се најдобар показател дека Зоран Заев ја губи контролата и поддршката од граѓаните. Ќе истраеме … ќе истраеме затоа што имаме план!

Очекуваме соодветна реакција од надлежните органи, и предупредуваме дека како партија која го има најголемото членство во иднина ќе бидеме приморани да се самоорганизираме со цел да обезбедиме минимум безбедност. И тоа е наше право.

Ве уверувам дека брзо ќе дојде денот кога одговорноста за ова и за многу други работи … за пустошот на Република Македонија ќе биде поставена пред законите и правната држава.

Ако некој се сомневаше, сега мора да се биде сигурен дека Зоран Заев ќе падне и ќе одговара, а Македонија ќе победи!“, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Јанушев.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски