Акција во штипската детска градинка „Вера Циривири-Трена“

Од:

Штипската детска градинка „Вера Циривири-Трена“ од денеска почна со акција за обновување на детските реквизити и оградите на дворовите на четирите објекти.

Акцијата почна од штипско Ново село, каде што вработени и родители на децата учествуваа во акцијата, а боите за фарбање им се донација од фирмата „Гудмарк“.

– Нашата компанија со своите партнери ја продолжува традицијата со донирање на нашите добро познати производи. Со оваа донација имаме за цел да ја обновиме заштитната ограда на сите четири клонови на детската градинка „Вера Циривири Трена“, а со тоа и да го разубавиме секојдневниот простор на дечињата кои престојуваат во нив, изјави Нада Гроздановска, од компанијата.

Директорката на градинката „Вера Циривири-Трена“-Штип, Софка Атанасова рече дека во текот на летото со средства од Министерството за животна средина и просторно планирање ќе се обновата садниците, клупите и корпите за отпадоци во дворовите на објектите, а со финаниска помош на ТИКА ќе се изврши и реконструкција на објектот „Развигорче“ во населбата Автокоманда.

– Продолжуваме со реконструкција на градинката „Развигорче“ во населбата Автокоманда, каде ќе биде сменета кровната конструкција, тоалетите, шкафчињата, а исто така и вратите, вели Атанасова.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“