„Алијансата за Албанците проценува дека именувањето на Раде Булатовиќ, поранешен функционер на УДБ во позиција на амбасадор на Србија во Скопје е тешка провокација за Македонија како земја и особено за Албанците поради фактот дека во крвавите настани од 27 април се покажа директно вклучување на српската УДБ.
Апелираме до премиерот Зоран Заев, како и до претседателот на државата, министерот за надворешни работи и претседателот на Собранието да дејствуваат и да ги преземат сите неопходни мерки за да не се прифати една таква провокација без претходно да се обелодени улогата на српскиот вработен во Амбасадата кој беше дел од толпата која насилно влезе во Собранието на 27 април, каде како повеќе страдаа претседателот на Алијансата Зиадин Села и сегашниот премиер Зоран Заев.
Алијансата за Албанците исто така смета дека албанската политичка партија на власт не треба да молчи пред таквата провокација, туку треба да преземе политичка одговорност и да го оправда учеството во власта.
Алијансата за Албанците како единствен албанската опозиција нема да молчи пред таквата провокација, но ќе ги преземе сите неопходни политички активности, особено во соработка со меѓународната заедница, ЕУ и САД“, се вели во соопштението на Алијансата за Албанците.