Додик ја обвини Британија дека испратила експерти за дестабилизација во Бања Лука

Од:

Претседателот на Република Српска Милорад Додик ја обвини Британија дека се обидува да ја дестабилизира Босна, и дека за таа цел испратила експерти во Бања Лука.

– Се работи за експерти кои дејствуваат на социјалните мрежи, во медиумите, кои прислушкуваат, и чија цел е да создадат општ хаос и дестабилизација, пред се во Република Српска, обвини денеска Додик.
Според претседателот на српскиот дел на Босна, се работи за дел од проект на британската Влада, за кој се издвоени девет милиони фунти, номинално со цел да се сузбие руското влијание на Балканот.

– Граѓаните мора да бидат свесни дека не може да сметаат на добронамерноста на Британците, и дека ова се прави со цел да се создаде унитарна и централизирана Босна и Херцеговина, додаде Додик.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Додик му пиша на Трамп: „Претседателе, чувајте се, ни требате да победите“

Вучиќ од Република Српска ги повика босанските политичари: Додик и јас сме нивна тема, зошто не правите патишта и железници

Предраг Петровиќ

Се преврте чамец со мигранти на Дрина, пронајдени 10 тела, меѓу нив бебе и мајка

Додик му се закани на „американскиот функционер“ дека ќе го избрка од Бања Лука

Предраг Петровиќ

Полицијата на Србија и РС потпишаа меморандум за соработка, Дачиќ: Тоа е помош за „браќата“

Предраг Петровиќ