(ФОТО) Јакимовски: Тоше беше вистински пример за младите

Од:

Денеска, во спортската сала “Форца”, во организација на Здружението на Власи стопанственици од Македонија “Мандра”, традиционално по четврти пат се одржа турнирот во мал фудбал по повод одбележувањето на 32 годишнината од раѓањето на нашата незаборавна поп ѕвезда Тоше Проески. Оваа година , здружението “Мандра”во соработка со општина Карпош како главен покровител на оваа манифестација, се погрижија сеќавањето за Тоше да остане вечно.

Јас особено го почитувам Тоше, затоа што тој не напушти без ниту еден порок, и беше вистински пример за младите. Особено сум фасциниран што тој беше побожен и ја врати љубовта и желбата на младите кон изворната македонска песна. Она што е најважно, сите нас како нација не прослави не само на Балканот, туку секаде во светот. Јас можам да ви ветам дека од наредната година, оваа манифестација ќе биде многу побогата, покрај Вас и локалната самоуправа ќе учествува со поголема поддршка и средства, со цел да го подигнеме нивото на оваа свеченост во чест на нашиот великан Тоше Проески, рече градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски.

fudbal1

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје

Лукровски: Реконструкција на фасади, модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради во Карпош

Димитров: Ќе го вратиме животот во културните центри изградени во социјализмот

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе воведам апликација „Мој Карпош“ која ќе биде дигитален сервис за граѓаните за пријавување на проблемите и издавање на потребните документи

Јакимовски најави нови четири занимални во детската градинка „Пролет“ во Влае

Јакимовски: Кој профитира од тендерите за лекови за Онкологија и кој го пушти „кафанџијата“ да биде кандидат за Карпош