Поголема јавност на постапките и транспарентност на судовите

Од:

Многу повеќе се почитуваат основните права на граѓаните во однос на правичното и фер судење, но и натаму треба да се работи на борбата против организираниот криминал и корупцијата, покажува набљудувањето на коалицијата „Сите за правично судење“.

Како што беше речено на денешната промоција на најновата анализа на Коалицијата за 2017 година, неопходна е поголема јавност на судските постапки, како и поголема транспарентност на судовите.

– Детектирано е отстапување во толкувањето и примената на законите од основните и апелациските судови, недоволно и нејасно аргументирање на пресудите, како и селективен пристап при постапувањето посебно во предмети кои имаат „политичка нота“. Селективен пристап не е изоставен и при вршењето на јавнообвинителската професија, а политичко влијание е забележано и во одлуките за избор и унапредување на претседатели на судовите и судии во повисоките судови, стои во анализата од спроведениот мониторинг.

Според анализата, констатирана е и нетранспарентна работа на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители во однос на образложенијата на нивните одлуки.

– Загрижувачки висок степен на одложени расправи и негов пораст од 30 на 60 отсто најчесто поради отсуство на обвинетиот, е исто така еден од заклучоците во анализата каде се бележи и зголемување од 300 проценти при одлагање на рочиштата поради отсуство на бранител, како и 250 отсто поради отсуство на јавен обвинител.

Коалицијата упатува и на податокот дека постои практика судот не дава соодветни образложенија на причините за определен притвор.

Коалицијата „Сите за правично судење“ постои 15 години, а ја сочинуваат 14 граѓански организации. Изминативе години мониторингот бил фокусиран на кривичните постапки, но од неодамна се анализираат и организираниот криминал и корупцијата, додека од септември ќе почне следењето и на граѓанските постапки. За изготвувањето на анализата ангажирани биле 50 набљудувачи распоредени на сите четири апелациски подрачја, во девет основни судови низ државата.

Би можело да ве интересира

Како уште се толерираат вакви судии: Четиригодишно дете наместо на мајката, со пресуда го дадоа на таткото семеен насилник

Предраг Петровиќ

Филипче: Оксиморон е со партиски протести Мицкоски да се бори против наводно партизирано судство

Џолев: Не сме тука да водиме војни, проблемите во судството се заеднички

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови