ОЕО за побрзи царински постапки и меѓународен кредибилитет на фирмите

Од:

Олеснување и забрзување на трговијата, промовирање на извозот и на вкупниот економски раст, како и зголемување на кредибилноста на фирмите во меѓународни рамки, треба да овозможи концептот на Овластен економски оператор (ОЕО).

Како што беше речено на денешната промоција, оваа новина во царинското работење ќе значи забрзување на царинските постапки и на движењето на стоките преку границите во регионот.

– Стекнувањето на статусот Овластен економски оператор претставува сертифицирање на трговското друштво како сигурен и безбеден партнер на Царинската управа и сигурен и безбеден партнер во меѓународниот и регионалниот синџир на снабдување. Штом станете ОЕО, во меѓународната заедница ќе бидете препознатливи како кредибилен бизнис партнер, истакна заменик-министерот за финансии Ширет Елези.

Според директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски, секоја држава настојува да го воведе концептот на ОЕО зашто тоа подразбира сигурност на пратките и нивно забрзување, како и гаранција дека стоките ќе стигнат на одреденото место во точно утврденото време.

– ОЕО е додадената вредност што ја прави меѓународната трговија побрза, побезбедна и поефикасна, подвлече Танасоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница