А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Заврши Летната академија за личен развој, лидерство и демократија во Крива Паланка

by А1он22/06/2018 - 12:58157
Share0

Со сертификати за учесниците и завршни говори на младите лидери заврши тридневната летна академија за личен развој, лидерство и демократијата во Крива Паланка финансирана од организацијата „Обединети преку љубов“.

Добивај вести на вибер

– Во секој поединец кој беше дел од академијата се крие навистина голем потенцијал. Проектов беше едно прекрасно искуство, за време на кое секој од нас стекна нови знаења и вештини. Верувам дека овие три дена исполнети со забава, ентузијазам, позитивност и учење на еден поинаков начин беа прекрасно искуство за секој учесник. Дел од нив ја зголемија самодовербата и слободата при искажувањето на своите мислења и ставови, некои ги усовршија своите лидерски вештини, други научија повеќе за демократијата, но сите ги проширија своите видици и едногласно се согласија дека ни се потребни повеќе вакви настани, истакна Андриана Алексовска, имплементатор.

Дваесет млади девојки и момчиња од Крива Паланка на возраст од 13 до 18 години се беа дел од академијата, под-проект од проектот „Bringing backgrounds“ кој се реализираше минатото лето од страна на „United by love“ .

– Летната академија беше едно големо искуство за мене, научивме многу нови работи преку игри и дискусии, истакна Марија Јакимовска, учесник и асистент.

Лина Рангелова, учесник на академијата, рече дека стекнала големо искуство за личниот развој, лидерството и демократијата, потенцирајќи дека ова искуство многу ќе и значи во натамошниот живот.

Академијата вклучи три тематски работилници за личен развој, со емоционална интелигенција и стилови на комуникација, лидерство, со емпатија, лидерство и лидерски стилови и демократија, со обуки за улога на институциите, значење на демократијата и човекови права, кои се усовршуваа на интерактивен начин, преку дискусии и тематски работилници.

kriva-palanka

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Катерина Ѓуровски27/02/2026 - 10:42

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски26/02/2026 - 14:2326/02/2026 - 15:08

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он21/02/2026 - 17:06

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски05/01/2026 - 13:1605/01/2026 - 13:17

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он08/12/2025 - 18:5908/12/2025 - 19:51

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски02/10/2025 - 18:2802/10/2025 - 18:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен