Градоначалници од неколку европски земји во Штип дебатираа за Европа и евроскептицизмот

Од:

Штип во изминатите два дена беше Европа во мало. Седуммина градоначалници и нивните делегации од Бугарија, Полска, Шпанија, Италија, Португалија, Романија и Македонија дебатираа за придобивките од Европската унија во рамки на проектот„ Обновена Европа“.

Нели Петрова, координатор на проектот „Обновена Европа“ од Бугарија е задоволна што на средбите отворено се разговарало за Европа и за евроскептицизмот и од организацијата на настанот.

– Имавме можност да го слушнеме мислењето на држава која не е дел од Европската унија и за тоа какво е мислењето за овој сојуз, за еврооптимизмот и за евроскептицизмот во Европската унија. Средбата беше многу добра организирана и имавме можност да се запознаеме со културата и историјата на Македонија, вели Петрова.

Марија Дас Меира од Португалија истакна дека за нив е големо искуство што рамениле мислења и искуства со земја која се уште не е дел од Европската унија и оти исто така било добро што разменувале идеи со претставници од градови од Романија, Шпанија, Полска, Италија и Македонија.

Претставниците од Општина Штип кои се домаќини на конференција „Европа и евроскептицизмот“ изразија задоволство што деновиве го слушнале мислењето на членките на Европската унија.

– Најважно за нас како домаќини беше да ги запознаеме овие градоначалници и нивните делегации со Штип и Македонија. Некои од делегациите, како што се на пример од Португалија и Полска за првпат доаѓаат во Македонија и во Штип, а ни беше исто така важно да видат дека ние сме навистина развиена земја и дека исто така имаме заедничко мислење за Европската унија, вели Драган Ристов, вработен во Општина Штип.

Следната средба на делегациите од седумте држави кои учествуваат во проектот „Обновена Европа“ е во октомври во Португалија.

Би можело да ве интересира

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип