(ВИДЕО) Тунтев: Како попчиња ќе си гласаме што и да одлучат граѓаните на референдум

Од:

Болните прашања не се оставаат за идните генерации, туку се решаат сега, рече пратеникот од СДСМ, Томислав Тунтев, на седницата за ратификација на договорот со Грција.

„Се сеќавам на горчливиот вкус во устата кога почнаа преговорите за договор. Не беше лесно прашање, болно е за сите. Но, денеска сум среќен што ние овде зборуваме за удирање на темелите на Македонија призната од целиот свет. Луѓето што бескруполозно ја напаѓаа ФИРОМ, денес со сите сили ја бранат“, рече Тунтев.

Тој го цитира Груевски од 2015 година: „Не може финалниот збор да го имаат политичарите, туку целиот народ на референдум“ и додаде дека референдумот ќе биде обврзувачки.

„Како попчиња ќе си гласаме што и да одлучат граѓаните на референдум“, рече Тунтев.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

СДСМ: Граѓаните се соочуваат со економски проблеми, а власта се повикува на анкети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он