Општина Штип учествуваше во проектот „Future of Europe – Reload“

Од:

Денеска Општина Штип учествуваше во проектот „Future of Europe – Reload“. Настанот започна во 10:00 часот во ОМЦ „Киро Глигоров“ во Штип каде свое поздравно обраќање имаше градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, а потоа свое претставување имаа и градоначалниците од градовите од седум различни земји-членки во Европската унија и тоа од: Aksakovo(Бугарија), Setubal (Португалија), Ozarow Mazowiecki (Полска), Nughedu Santa Vittoria (Италија), Victoria (Романија), Monserrat (Шпанија).

„Денеска имаме можност како град да бидеме домаќини на Меѓународната конференција Future of Europe – Reload, којашто е дел од проектот „Обединета Европа“, во којшто Штип е вклучен заедно со градови од шест земји – членки на Европската Унија. Општина Штип е домаќин на делегации од градовите: Монтсерат во Шпанија, Викторија во Романија, Сетубал во Португалија, Нугеду Санта Виторија во Италија, Озаров Мазовиецки во Полска и Аксаково во Бугарија. Во рамки на денешните активности се одржаа сесиите “We are proud to be Europeans”, односно „Горди сме што сме Европјани“ и “Euroscepticism and its role for the future of Europe”, односно „Евроскептицизмот и неговата улога за иднината на Европа,“ изјави градоначалникот Бочварски.

На денешниот настан присуствуваше и амбасадорот од Република Словенија во Република Македонија, Милан Јазбец кој исто така имаше свое обраќање на тема „Горди сме што сме Европјани“. На овој настан свое обраќање имаа и д-р Блажо Боев, ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и претседателот на Совет на Општина Штип, Јане Миланов на тема „Евроскептицизам и неговата улога за иднината на Европа“. Како завршен дел од настанот беше заедничкиот ручек и посета на тврдината Исар.

Би можело да ве интересира

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип