Претседателот на политичката партија Сојуз на Ромите од Македонија (СРМ), Амди Бајрам, денеска од собраниската говорница порача дека дава гаранција од 72 до 75% оти референдумот за промена на името ќе биде успешен.
Во своето обраќање тој додаде и дека во Македонија не постојат само Македонци, Турци и Албанци, туку и Босанци и Роми.
„Секогаш кога се зборуа треба да се спомнат и Ромите. Ова да ви биде лекција на сите, а јас и ние Ромите во Република Македонија, сме лојални на својата држава, поддржуваме. Ќе гласаме за, ги повикувам и сите ромски партии да поддржат. Ги повикувам на референдум сите Роми во Македонија и сите Роми ќе ја дадеме поддршката“, изјави Бајрам.
Галена Николовска-Ризвановиќ