Во Дебарско за субвенции аплицирале илјада земјоделци

Од:

Во Подрачнатата единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Дебар, илјада земјоделци од општините Дебар и Центар Жупа, како и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше, доставиле барања за финансиска подршка.

– Барањата се однесуваат на сите мерки од програмата за финансиска подршка. Поголемиот број се од општините Дебар и Центар Жуша, а четириесетина се земјоделци од подрачјето на Река, кои, поради близината, освен во гостиварската, може да доставуваат и во нашата подрачна единица. Споредено со лани, забележано е благо зголемување на бројот на поднесените барања за два отсто, изјави Арбен Муладаути, овластен раководител.

Посочува дека бројот на поднесените барања може да биде и поголем, поради фактот што може да се аплицира и по електронски пат.

Последните години во просек годишно, субвенции добиваа околу илјада земјоделци со вкупен износ од околу милион евра.

– Благодарение на финансиската поддршка што ја дава државата, во последните години зголемени се површините кои се обработуваат, како и бројот на стадата овци. Така на пример стадата овци се двапати побројни и сега има над 40.000. Освен што се зголемуваат обработливите површни во индивидуана сопственост, се зголемуваат и површините земени под концесија, а се во државна сопственост и тие сега изнесуваат 134 хектари, оценува Муладаути.

Нагласува дека вработените во единицата секогаш се подготвени да ги дадат потребните информации и помош на земјоделците,за се што е во нивен интерес.

Според Муладаути, земјоделците се подготвуваат за почеток на жетвата, а имајќи ги предвид поволните временски услови во текот на развојот, очекуваат добри приноси по единица хектар.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Во Дебар поставен транспарент „Албанците се понижуват до таму што се гази и крвта на паднатите борци! Врати се команданте, Али Ахмети!“

Катерина Ѓуровски

Крадец од Дебар украл паричник со документи и пари

Маж им се заканувал на вработените во Општата болница во Дебар