ВМРО-ДПМНЕ: Договорот задира во македонскиот идентитет и јазик

Од:

„Зоран Заев со капитулантскиот договор создава обврска за граѓаните и тие ќе треба да ги изменат своите лични документи, како лични карти, пасоши, дипломи, изводи од матичните книги, институциите на државата своите натписи, МАНУ, МРТ, сите исправи кои се вадат ќе бидат со изменето име.

Договорот задира во македонскиот идентитет и јазик. Договорот е штетен за македонската самобитност и директно ги разнишува темелите на уставниот поредок.

Република Македонија е оштетена страна. Договорот создава само обврски за Република Македонија. Зоран Заев не може со ништо да го оправда својот капитулантски чин.

Државата тоне, а граѓаните секојдневно ги чувствуваат последиците. Економијата е на нула, инвестиции нема, нови работни места не се отвораат, долгот на државата е се поголем. За една година Заев не сработи ништо. За една година Заев само ги распродава македонските интереси.

Затоа Зоран Заев мора да падне, за да Македонија оди напред и Македонија да победи“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ бара обвинителот Коцевски да си поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот

САД и ЕУ постигнаа трговски договор

Горан Наумовски

Трамп објави трговски договор со Јапонија: Ќе инвестира 550 милијарди долари