Во Штип се прави стратегија за младите

Од:

Советот на млади на општина Штип денеска работеше на стратегијата со која во наредните пет години треба да се подобри животот на младите.

Кире Јорданов од Советот на млади изјави дека нестабилната економска состојба, невработеноста, спортот и културата се недостатоците на кои треба да се посвети поголемо внимание, на што укажале младите во анкетите спроведени изминатиот период.

– Во рамки на локалната младинска стратегија секоја година ќе се прават акциски планови за да се унапреди положбата на младите, посочи Јорданов.

Во следниот период планирани се серија на работилници и средби со младите за да се утврдат приоритетите во стратегијата која како документ ќе биде доставена и општината.

Би можело да ве интересира

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип