Теодоракис од Река: Договорот има слабости, но е корисен

Од:

Договорот има слабости, но во ова време е корисен за да го спречиме походот на Турците и да им го покажеме патот кон Европа на соседите, вели лидерот на партијата Река, Ставрос Теодоракис во интервју за информативниот портал „Иефимерида“, коментирајќи го Договорот меѓу Македонија и Грција.

– Договорот има слабости, тоа го истакнав уште од прв момент, но особено во ова време е корисен договор. Треба да ги затвориме малите фронтови и да се занимаваме со фронтот од исток. Турците ги модернизираат аеродромите во Скопје и Охрид. Ова е бизнис договор. А имаат и воена цел. Да добијат воздушна воена база на север од нас. Тоа е нивни стар стремеж. Ќе им дозволиме? Постојано даваат пари за џамии и клиники во оддалечени области? Ќе им дозволиме? Единствениот начин да го спречиме походот на Турците на Западен Балкан е да им помогне на нашите соседи да се насочат кон Европа. Ако ние им го затвориме патот, тогаш исламскиот лак ќе се прошири, вели Теодоракис.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, првиот човек на Река смета дека доколку владата го послушала нивниот предлог за формирање Совет за национална безбедност, тогаш Грција ќе добиела подобар договор.

– Партиите, одговорно ќе зазема став дали е поважно ерга омнес или националноста. Затоа што во преговори не можеш да добиеш се. Моето мислење е дека требаше да инсистираме на „граѓани на Северна Македонија“. Ова, мислам дека е главната слаба точка на Договорот, објаснува лидерот на Река.

На прашањето како гледа на промените на политичката сцена што ги носи потпишувањето на Договорот, Теодоракис вели дека не гледа промени, затоа што СИРИЗА и Независни Грци се се уште на власт, иако со еден пратеник помалку и додава дека ситуацијата ќе остане таква „се додека Ципрас не реши да одржи избори“.

Тој додава дека Река не размислува за влез во владата, ниту за нејзина поддршка, бидејќи е и останува опозиција.

– Ако си заминат Каменос и Независни Грци од владата, тогаш е јасно дека не постои владино мнозинство и одиме на избори, вели Теодоракис, демантирајќи какви било информации за можен влез на Река во владата, доколку Каменос, поради прашањето за името ја напушти владината коалиција.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски