Собранието утре ќе го ратификува договорот со Грција

Од:

Собранието на Република Македонија ќе го ратификува договорот со Грција на утрешното продолжение на 51. седница, потврдија за МИА пратеници од владејачкото мнозинство.

Предлог-законот за ратификација на договорот, денеска во 15 часот треба да биде разгледан во Комисијата за европски прашања, а петнаесет минути подоцна треба да биде одржана седница и на Законодавно-правната комисија.

Првичните најави беа дека ратификацијата би можела да се случи до крајот на денов, имајќи предвид дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема да учествуваат во работата на комисиите ниту на седницата за договорот.

Пратениците денеска со 69 гласа „за“ и 40 „против“ ја изгласаа потребата за донесување на Предлог-законот за ратификација на договорот за името со Грција.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on