Сообраќајот пред Собранието нормализиран, граѓаните се повлекоа во Жена парк

Од:

Булеварот „11 Октомври“ е пуштен за сообраќај, откако претходно беше затворен поради протестите на граѓаните пред Собранието против ратификацијата на договорот со Грција за решавање на спорот за името.

Дел од граѓаните, кои учествуваа во протестите се разотидоа, а дел се повлекоа во паркот Жена борец.

Околу стотина граѓани се собраа денеска пред законодавниот дом, додека траеше седницата, на која пратениците ја потврдија потребата по итна постапка да се ратификува договор со Грција за името. Протестите минаа мирно и без инциденти.

Граѓаните пред Парламентот, побараа оставка од Владата и во знак на револт запалија копија од договорот со Грција, пеејќи ја истовремено македонската химна и песната „Едно име имаме“.

– Нема да дозволиме да помине овој договор, извикуваа незадоволните граѓани. Тие воедно ја повикаа ВМРО-ДПМНЕ да излезе од Собранието и да не го поддржи Преспанскиот документ.

Според граѓаните кои протестираат пред Собранието, референдум воопшто не треба да има.

Дел од граѓаните, кои протестираа пред Собранието се упатија пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и бараа средба со партискиот лидер Христијан Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протести на турските новинари против властите

Жените во Полска повторно се уличен протест, го обвинуваат Туск дека не го исполнил ветувањето за либерализација на абортусот

Локалните жители ја блокираа депонијата Краста: Шест месеци сме го голгота

Илјадници Шпанци на улиците поради станбената криза: „Вака повеќе не може“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Берлин се крена против АфД: Илјадници протестираа по изборниот триумф на десницата

Горан Наумовски

Северина застана зад граѓаните кои протестираат во Загреб

Горан Наумовски