Шекеринска: Со потпишувањето на договорот помалку граѓани ќе бегаат од државата

Од:

Мигрантските кризи треба да престанеме да ги гледаме како моментални проблеми со кои се соочуваме денес, а со надеж дека ќе престанат утре. Тие станаа наше секојдневие и според сите анализи се сметаат како еден од клучните феномени кој ќе влијае врз стабилноста на светот, порача денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска на отворањето на Меѓународната летната школа насловена „Управување во услови на мигрантски кризи“.

– Кога Македонија се најде на таква бегалска рута и кога избија немири на Блискиот Исток, но и кога на мигрантскиот бран му се придружија луѓе кои решиле да си го сменат местото на живеење поради економски причини, ние видовме што значи да градите институции кои ќе се соочот со оваа мигрантска криза. Како држава се справивме со предизвикот, но видливо е дека треба да ги поместиме нашите приоритети кон вештини кои претходно не сме ги имале, истакна Шекеринска.

Во речник на мигрантската криза, како што рече министерката за одбрана, Шекеринска потсети кога пред два дена таа со премиерот и уште неколку министри на Преспанското езеро со чамец кој не бил преоптоварен успешно стигнале во грчкото село Псарадес.

– Не беше преоптоварен, бидејќи малкумина сакаа да се качат на чамецот на кој треба да се носат тешки одлуки. На тој чамец влеговме со желба да решиме проблем и спор кој предизвикува многу емоции и во Македонија и во Грција кој трае 27 години и предизвика парализа на Македонија и на нејзините стратешки приоритети. Чамецот не се преврте бидејќи не бегавме од никого, бидејќи одевме во пресрет, а не бегавме, одевме во пресрет на една нова перспектива и шанса за сите граѓани на оваа држава и за пддржувачите на договорот и за оние кои истиот го критикуваат, а можеби за нив дури и повеќе, порача Шекеринска.

Според неа, договорот е вистинската одлука бидејќи, како што рече, потпишувањето на овој договор ќе значи дека помалку наши сограѓани ќе бегаат од оваа држава и ќе бараат егзистенција во други земји. Нагласи дека овој договор ќе значи поголема интегрираност и повеќе шанси за младите во Македонија, но и дека дава шанса и на регионот кога во време кога целиот свет констатира дека безбедноста повторно е вратена како прва точка на дневен ред.

Летната школа, според организаторите од Филозофскиот факултет при Универзитетот ͈Св. Кирил и Методиј” од Скопје, има цел да влијае на зголемување на капацитетите на постојните вештини и компетенции на учесниците на програмата како и во создавање на нови механизми за координација и управување.

На летната школа учествуваат студенти од Босна и Херцеговина, Хрватска и од Македонија, а по завршувањето на програмата и изработка на завршен труд учесниците ќе бидат оспособени за разбирање на процесите ефикасно дејствување во случаи на кризни ситуации во услови на мигрантски и бегалски кризи.

Би можело да ве интересира

Петровска: Пристигнато е ново барање од украинска страна за воена помош во моментов се разгледува

Горан Наумовски

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска

Петровска: Речиси 90 милиони евра за воена опрема, учеството во странски мисии ќе чини над 10 милиони евра

A1on

Шекеринска – Брнз: С. Македонија и САД споделуваат исти вредности, двете држави испишаа историја

Ана Ололовска

Министерството за одбрана годинава ќе биде домаќин на најголемата конференција за стратегиски комуникации на НАТО

Ана Ололовска