Town twinning проект – Солидарни млади во време на кризи и природни непогоди

Од:

Општина Гази Баба во соработка со Младиинфо Интернационал во партнерство со Волонтерски центар Славонски Брод и Нова Градишка од Хрватска го реализираа проектот „Солидарни млади во време на кризи“ на тема Активни млади во време на криза -се движечката сила за подобра иднина!

Настанот се одржа во просториите на општина Нова Градишка, Хрватска. На самиот почеток на настанот се обрати заменик градоначалничката на Нова Градишка, Ивана Трупина, која им посака добредојде на македонските претставници и која го искажа задоволството на оваа хрватска општината што е дел од овој проект и има можност да размени искуства со претставниците од општина Гази Баба од Македонија. Таа истакна дека Македонците и Хрватите имаат многу заеднички нешта што ги поврзуваат и се надева на успешна и долга соработка.

„Mакедонија и Хрватска се земји со долга историја во кризни ситуации кои што покрај човечкиот фактор (политички и социјални проблеми, вооружени конфликти), голема улога имаат и природните непогоди (земјотреси, поплави, пожари).

Без сомнеж, поплавите во Скопје (2016) и Хрватска (2014), но исто така и бегалската криза оставија зад себе 30 жртви и повеќе од 300 повредени луѓе. Младиинфо Интернационал заедно со Волонтерски центар Славонски Брод и претставници од општините Гази Баба и Нова Градишка низ проектот „Солидарни млади во време на кризи и природни непогоди“ најпрво работеа на онлајн и офлајн мапирање на национални и локални државни органи и релевантни засегнати страни кои што се одговорни за итни одговори во време на природни непогоди и кризи.

Учесниците во овој проект имаа можност да разменат искуства на оваа тема, научија нови техники за справување со природни непогоди и имаа сеопфатна дискусија за како подобро да се разбере важноста на солидарноста во време на кризи.

Сите учесници без двоумење се согласија за клучната улога која ја имаат младите волонтери во времето на кризи. Учесниците од Македонија и Хрватска исто така за време на работилницата во склоп на настанот, развија акциски чекори за како подобро да се одговори во време на кризи и природни непогоди и подобрување на соработката на локалните власти со младите волонтери.

Се дискутираше за постраумтскиот стрес кои луѓето го имаат по големи природни катастрофи и колку е важно да се работи на тоа поле, односно луѓето да добиваат соодветно психолошко советување по вакви големи кризи и природни непогоди.

Одличното гостопримство од страна на хрватската општина беше искажано и со тоа што организираше посета во големиот индустриски парк во Нова Градишка. По целодневното активно разменување на идеи и практики, учесниците од Македонија имаа можност да се запознаат со работата на индустрискиот парк во Нова Градишка, кој важи за една од најпривлечните бизнис зони во Хрватска“, се вели во соопштението на општина Гази Баба.

Би можело да ве интересира

МВР: Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување на в.д. директор на ЈКП “Гази Баба 2007”

Обид за убиство во Гази Баба: Испукал 11 куршуми кон познаник и кон неговата сопруга

Тепачка во Гази Баба: Момче се пресметало со неговите баба и тетка

А1он

Левица: Стефковски ги остави учениците во Гази Баба без бесплатен превоз

Го киднапирале и силувале за долг од 150 евра – кривична за двајца скопјани

Анита Петровска Рајковиќ

Левица: Дивоградбите во Гази Баба недопирливи веќе два мандати