Коѕијас: Оние кои протестираат ги пречекуваат соседите како клиенти и муштерии

Од:

Договор без компромис има само во време на војна, со соседната земја не сме во војна, пријатели сме, истите оние што сега протестираат во Грција, ги пречекуваат соседите како клиенти и муштерии и тогаш не им пречат, рече шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во интервју за грчкото радио „Алфа989“.

Коѕијас објасни дека „половина од населението од соседната земја, секое лето се туристи во северна Грција, а најмалку два пати во годината секој граѓанин влегува и купува во Грција“.

– Постои една реалност што треба да ја развиеме во корист и на двата народа, да се развијат и економијата и општеството на двата региона. А секако, за да се случи ова, треба да склучиме договор, а секој договор содржи компромис и обврска, рече Коѕијас и додаде дека луѓето од двете земји не се во војна, а „пријателите, луѓето и граѓаните, истите оние кои протестираат, ги пречекуваат со голема радост како муштерии и клиенти во текот на целата година и добро прават“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, на прашањата на новинарите во однос на она што предизвика реакции во Грција, делот од вчерашниот говор на македонскиот премиер, кога ја употреби фразата „Македонците и Грците“, Коѕијас коментираше дека Заев се самоидентификувал според географската област.

– Треба да ја разграничиме историската грчка и античко-грчка Македонија од географската. Ако не го сториме тоа ќе се збунуваме. Заев се нарече Македонец врз основа на географската позиција каде што се роди и порасна. Дали целата географска област Македонија е грчка? Не, објасни Коѕијас.

Во однос на постигнатиот договор, Коѕијас објасни дека Грција се стремела кон три работи, да се смени името за да се разграничи од грчката Македонија, да биде ерга омнес и да се направат уставни промени.

– Оваа седмица земјата, Северна Македонија, ќе го ратификува договорот, потоа ќе се одржи референдум, ќе го смени Уставот и потоа ние ќе го ратификуваме договорот. Преземаат ризик бидејќи ни веруваат дека она што го кажуваме, тоа го мислиме, рече министерот за надворешни работи на Грција.

Коѕијас истакна дека во регионот постои особена чувствителност кога се во прашање имињат,а нешто што не е поврзано со меѓународната политика, а како пример го спомена примерот што им го дава на странците: „млад маж запознава млада жена и се заљубуваат, се сакаат толку многу што решаваат да стапат во брак, а доаѓа и плодот на нивната љубов, да речеме еден син, и одеднаш по 10 години, заљубениот пар се кара за името на детето, дали ќе го добие по едниот или по другиот дедо“.

-Овде постојат 3, 4 решенија. Детето да добие трето име за да не се караат, да имаат среќа сватовите да имаат исто име, да се договорат да направат сложено име и да се вика на пример Јоргос-Константинос, каде следен чекор е од едната страна сите да го викаат Јоргос, од другата Константинос, а детето на училиште да добие сосема друго име, Дино, Аки и сл. А третата и најдобра варијанта е сложено име согласно и од двете страни, како што направи вчера Заев. Ова не е реалноста во нашиот регион? Врз оваа реалност се појави проблемот со името, рече Коѕијас.

Шефот на грчката дипломатија, во интервјуто за радиото, упати критики до Нова демократија, го повтори неговиот став дека опозициските партии и во двете земји имаат идентични позиции и додаде дека „Нова демократија функционира како партиски огранок на ВМРО-ДПМНЕ во Атина“.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски