Јужна Кореја денеска почна дводневни воени вежби на островите Докдо во Источното море, со кои се симулира одбрана на тие острови, соопшти портпаролката на јужнокорејското Министерство за национална одбрана Чои Хјун Со.
Јапонското Министерство за надворешни работи преку дипломатски канали испрати порака до Јужна Кореја во која истакна дека маневрите се „недозволиви“.
Јапонското МНР минатиот месец го потврди своето тврдење за сопственост на Докдо во годишниот извештај за надворешна политика познат како Дипломатска сина книга.
На дводневните вежби ќе учествува разорувачот Јангманчун тежок 3.200 тони и пет воени бродови, седум носачи на авиони, а мобилизирани се и единици за одбрана од копно.
Островите Докдо долго време и припаѓаа на Кореја, но Јапонија прогласи суверенитет врз нив повикувајќи се на наследство од царскиот период.