Коѕијас за протестите: Од милион стигнавме на 4.000 илјади, Грците ги кршат стереотипите

Од:

Од еден милион демонстранти, дојдовме на 100 илјади и сега на четири илјади. Ова покажува дека грчкиот народ ги крши стереотипите, рече Никос Коѕијас, коментирајќи ги вчерашните протести во близина на Преспа.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, шефот на грчката дипломатија, веднаш по потпишувањето на договорот со Македонија, се сретна со префектот на областа Западна Македонија, Теодорос Карипидис, кој му предаде резолуција од регионалниот совет во која се изразува несогласувањето на граѓаните со договореното сложено име со географска одредница, ерга омнес.

Карипидис, паралелно, го извести Коѕијас за протестите и повредените, на што шефот на грчката дипломатија коментираше дека бил мал бројот на демонстрантите,заклучи дека Грците ги кршат стереотипите и се запраша „дали било протест или обид да се спречи потпишувањето на договорот“.

– Локалното население овде не треба да протестира, бидејќи ако имаат можност за развој и да имаат добивка во животот, тоа е оваа соработка меѓу државите, му порача Коѕијас на префектот во кусиот дијалог камерите.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски