Остри критики до коалициониот партнер во грчката Влада, Панос Каменос упати одговорниот за надворешна политика во Нова демократија, Јоргос Кумуцакос во врска со потпишаниот договор за името.
– Во Преспа се потпиша политичкиот крај на политичарот што даде сѐ, ама баш сѐ, за фотелјата. Од денес, Панос Каменос и Независни Грци имаат само минато, малку сегашност и никаква иднина, напиша Кумуцакос на „Твитер“.