ДС: Македонија ја јакне својата државност, јазик и национален идентитет и отвора перспектива за сите граѓани

Од:

„Во овие исклучително драматични и сложени моменти, време е македонскиот народ и сите граѓани на Македонија, добро да размислат и само со рационално и разумно однесување можат да ја зграпчат историската шанса за приклучување кон европските вредности и стандарди.

Повеќе од дваесет и пет години по сите параметри заостануваме зад сите други европски држави, се гушиме во криминал и беда, а младите заминуваат на запад.

Треба да протестираме за да владее правото, за социјална правда, за конфискација на криминално стекнатиот капитал, за подобар живот.

Но најмногу од се треба да ставиме крај на манипулациите дека ако ги блокираме евроатланските процеси Македонија ќе биде Швајцарија на Балканот.

Ова е историска шанса да се одлепиме од дното и со високо крената глава како МАКЕДОНЦИ да кажеме доста е, ние сме за добрососедски односи, за влез во НАТО и Европската унија, “ние за тоа ќе одлучуваме на референдум”.

Сигурно дека не е време за триумфализам, ниту кај нас ниту кај соседите, компромисот е договор со кој сите по нешто губат, но и добиват.

Македонија ја јакне својата државност, јазик и национален идентитет и отвора перспектива за сите граѓани.

Сигурни сме дека оваа шанса нема да ја прокоцкаме“ се вели во соопштението на Демократски сојуз.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски