ВИДЕО: На брифинг со новинари Земан запали црвени гаќи

Од:

Чешкиот претседател Милош Земан на таинствен начин ги повика новинарите на брифинг за да види дали тие ќе шпекулираат за причината на тој брифинг. Тој очекувал дека тие ќе напишат дека се повлекува или дека е смртно болен, но откако тоа не се случи тој запали огромни црвени гаќи, симбол на протестите на Чесите кои се срамат од претседателот.

– Се извинувам на новинарите, чија интелигенција залудно, како и секогаш, ја тестирав. Вчера гледав на Интернет дека се очекувало да ви соопштам дека сум умрел или дека сум болен од неизлечива болест или дека ќе поднесам оставка, или дека мојата ќерка забременила или се мажи или се разведува, изјави пред новинарите Земан.

Претседателот на Чешка, познат по непријателскиот однос кон новинарите, рече дека сите тие нагаѓања околу неговата конференција за печат без право да се поставуваат прашања, сведочи за нивното ниво на интелигенција.

– Жал ми е што од вас правам будали, навистина не го заслужувате тоа, иронично изјави Земан.

Потоа Земан запали огромни црвени гаќи, исти како што уметниците од чешката алтернативна група Злоховен преправени во оџачари, во септември 2015 година закачија на покривот на претседателскиот дворец во Прага наместо претседателското знаме, а со цел да покажат колку се срамат од својот претседател поради неговото вулгарно однесување за време на интервјуа, проруските ставови и додворувањето на рускиот претседател Владимир Путин.

Тројцата уметници лани во април беа осудени на шест месеци условно и казна од 2.400 евра затоа што го оштетиле покривот и поради украденото знаме, кое го исекле на 1.000 парчиња и по пошта го испратиле до Чеси по случаен избор.

Оттогаш црвените гаќи и црвениот картон како во фудбалот, станаа симбол на уличните протести против претседателот.

– По чешките, моравските и шлезиските улици трчкаат лудаци кои мафтаат со црвени гаќи. Тоа можам да го разберам пред парламентарни или претседателски избори. Изборите поминаа, рече Земан и додаде дека поради тоа одлучил да ги запали огромните црвени гаќи.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница