(ВИДЕО) Џафери им се налути на пратениците: Дали размислувате што правите?

Од:

Претседателот на Собранието Талат Џафери им се налути на пратениците што често излегуваат од салата, наместо да седат на своите места. Тој беше револтиран што едвај успеаа да обезбедат кворум за да почнат со работа.

-Дали вие размислувате што правите или не?! И должен сум вака по микрофон да ви кажувам! Си влегувате и си излегувате како сакате! Ако не сакате кажете, дајте оставка ќе дојде друг пратеник што ќе сака да седи овде, рече Џафери, кој претходно ги потсети дека пред само три дена го донесоа Етичкиот кодекс со кој самите се обврзаа дека ќе се однесуваат професионално и одговорно кон работата што ја извршуваат.

Од опозиициската ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека одговорни за оваа ситуација се пратениците од владејачкото мнозинство, кое не може да обезбеди кворум, а координаторот на СДСМ Томислав Тунтев , пак ја обвини опозицијата дека е неодговорна што намерно не влегува во собраниската сала само за да нема кворум за работа.

За денеска беа закажани две собраниски седници на кои се расправаше за измените на Законот за лекови и медицински средства, на Законот за царинска управа и на Законот за градежни производи како и Предлог-одлуката за општите акти на Народниот правобранител. На дневен ред беа и Извештајот на Европската Унија како и Извештајот за работата на Судскиот совет за 2017 година.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање