Попладнево започнува 2-дневна расправа во грчкиот парламент, договорот со Македонија главна тема

Од:

Ова е подарок во овој момент, можност од прва класа за овие два дена да разговараме со имиња за тоа кој што и кога даде, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас во одговорот до лидерот на Нова демократија Кирјакос Мицотакис, по доставеното барање за расправа и гласање недоверба на владата.

За 18 часот по локално време, претседателот на грчкиот Парламент ја закажа седницата. А според информациите од Атина, гласањето веројатно ќе биде во сабота на полноќ.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, се очекува за време на дводневната расправа лидерите на партиите и пратениците да дебатираат околу договорот меѓу Македонија и Грција, а денешната седница на парламентот, и покрај тоа што се однесуваше на економијата и новиот пакет мерки, се претвори во дискусија и меѓусебни обвинувања за содржината на договорот. Веројатно беше само најава што ќе следи во следните, нешто повеќе од 48 часа.

Грчкиот премиер, одговарајќи на нападите од претседателот на Нова демократија рече дека „Мицотакис одбрал да се претвори во гласноговорник на вистинскиот лидер на партијата, Андонис Самарас“

Ципрас упати остри обвинувања до Самарас, дека тој има голема одговорност за прашањето со името, а во минатото не сторил ништо, во две ситуации во 90-те кога Македонија била заведена под уставното име.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција