Мицотакис: Грција прв пат признава македонска националност и јазик

Од:

Грција, по прв пат признава македонска националност и јазик за нашите северни соседи. Елементи што претставуваат корен на иредентизмот, рече лидерот на опозициската Нова демократија Киријакос Мицотакис на денешната расправа во грчкиот парламент, кусо пред да достави барање за гласање недоверба на владата на премиерот Алексис Ципрас.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Мицотакис упати остри обвинувања до Ципрас за содржината на договорот, особено за делот со јазикот и националноста, велејќи дека „државата добива географска одредница, не народот“.

– Можете да ми кажете, зошто со вашиот договор, жителите на Северна Македонија ќе се викаат едноставно Македонци и ќе говорат македонски?, го праша Мицотакис, Ципрас и го повтори неговиот став дека „прифаќањето македонски јазик и македонска националност се неприфатлива национална отстапка“.

Лидерот на Нова демократија го обвини Ципрас дека лаже и во однос на тоа дека новото име, Северна Македонија, Грција ќе го употребува без превод на грчки јазик, односно како што се изговара на македонски, бидејќи такво нешто нема во објавениот договор.

– Ви читам од обраќањето на премиерот пред само два дена. Се согласија да ја преименуваат нивната земја во Северна Македонија, рече Мицотакис изговарајќи го новото име на македонски и праша: Каде е Северна Македонија во договорт што го доставивте во парламентот? Лажете!, рече лидерот на Нова демократија и го обвини Ципрас дека таму каде што Костас Караманлис рече „не“, грчкиот тој денеска велите „да“.

Кирјакос Мицотакис објасни дека тие сакаат решение, сакаат стабилност на Балканот, но предуслов за тоа е силна Грција и решение што нема да задира во грчките национални интереси.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција