Презентирани можностите за финансиска поддршка пред велешките бизнисмени

Од:

Пред бизнисмените во Велес денеска беа презентирани можностите и условите што треба да ги исполнат за да добијат финансиска помош од Владата.

Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска појасни дека станува збор за Законот за финансиска подршка на инвестициите и оти се донесени и пакет правилници.

– Финансиската подршка што ја дава Владата е во сегмент на поврат на средства за нови вработувања, поврат на трошоци за инвестиции, купување на нови машини, за градба, за освојување на нови пазари, како и за поттикнување на соработката на домашните компании со странски инвеститори. Серија на мерки со кои целокупно се изразува политиката на инвестициската поддршка на Владата на Република Македонија, истакна Апостолска.

Очекувањата се дека со финансиската поддршка што ја дава Владата, ќе се подобри продуктивноста, квалитетот и подготвеноста на домашните компании да излезат полесно на странските пазари.

– Со овие финансиски поддршки што ги обезбеди Владата очекуваме да се подобри продуктивноста, квалитетот, знаењето, подготвеноста за соработка со странските партнери и освојувањето на нови пазари, нагласи министерката Апостолска.

Според градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, присуството на компаниите на денешната средба покажува дека има интерес од фирмите што е важно за растот на индустриското производство и за бруто домашниот производ.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски

Се загади воздухот во Велес од пожарите на планините Мукос и Бабуна

Предраг Петровиќ