ФОТО: „Отпор против режимот“ во Кочани

Од:

Ниту лошото време, ниту дождот кој неколку часови паѓа во Кочани, не ги спречи граѓаните од масовно да излезат на маршот што го организираше здружената опозиција Сојузот за иднината, пренесе порталот Комарец.

kocani (1)

Маршот под мотото „Отпор против режимот“ започна од крстосницата „Кај Чепленот“ од каде граѓаните се упатија преку мостот на улицата „Стево Теодосиевски“ па по улиците „Кеј на Револуцијата“ и „Маршал Тито“ пристигнат кај „Шопинг Центарот“ каде и се одржа Граѓанскиот парламент.

kocani (2)

Најпрвин на насобраните граѓани им се обрати репресираниот професор Александар Симеонов, а потоа и сточарот – земјоделец Влатко Трајанов, од името на младите Гордана Трајановска и Претседателот на ОК ВМРО НП од Кочани, Љупчо Стојилков.

kocani (4)

Претпоследен обраќање имаше Миле Андонов, актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија и кандидат за Градоначалник на Општина Кочани на претстојните Локални избори од „Сојуз за иднината“.

kocani (5)

Граѓанскиот парламент го затвори Зоран Јовановски, потпретседател на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Берлин се крена против АфД: Илјадници протестираа по изборниот триумф на десницата

Горан Наумовски

Северина застана зад граѓаните кои протестираат во Загреб

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест во Загреб: Отпадот во Госпиќ не е изолиран случај

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Започна „Маршот за Лика“ – „Предавството нема да го простиме“

Горан Наумовски

Протест во Загреб против опасниот отпад во Госпиќ: Граѓаните бараат итна санација

Горан Наумовски

Баран во Македонија за 12,5 години затвор, таткото на Ива Михаилова зборуваше на бугарска ТВ

Горан Наумовски