Почна летниот камп по веронаука во Рајчица

Од:

Во манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во дебарското село Рајчица, во тек е првата смена од годинешниот летен камп по веронаука.

Први гости на сестринството во овој преубав манастир се педесеттина девојчиња од Скопје.

Ова лето планирани се вкупно осум смени, кои во просек ќе ги посетуваат по педесеттина деца од повеќе градови во Македонија, а ќе бидат гости на Бигорскиот манастир, како и на манастирот во Рајчица кој е негов метох.

– И оваа година нашите манастири ќе бидат место за наука и рекреација за околу 400 деца кои ќе бидат распоредени во осум смени. Имаме нови и интересни содржини, преку кои најмладите ќе се запознаат со најважните содржини од областа на верата, историјата, уметноста и културата. Секако децата учествуваат и во практичните манастирски задолженија, сестра Ефимија.

Годинава по првпат, посочуваа таа, доаѓаат групи од Велес, Пробиштип и Струга, а секако тука се и редовните гости од Скопје, Битола, Охрид, Струмица, Радовиш,Тетово.

Со благослов на игуменот на Бигорскиот манастир, архимандрит Партениј, ова е седма година по ред како се одржуваат летни кампови по веронаука. Нив во изминатите години го посетиле околу две илјади деца.

Би можело да ве интересира

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите

Митрополит Агатангел: Македонското име, идентитет, историја и традиција не смеат да бидат предмет на тргување, тоа важи и за Црквата