Вартоломеј: Постоењето раскол не е аргумент да напуштиме еден народ

Од:

Постоењето раскол не е аргумент да напуштиме еден народ, рекол Вселенскиот патријарх Вартоломеј, на литургија по повод чествувањето на празникот на Светите апостоли Вартоломеј и Варнава.

– Кога еден од нашите браќа се оквафлификува како расколник или еретик, а уште повеќе кога цел еден народ, милиони луѓе, се надвор од нормалната црква врз основа на тој раскол, тогаш е потребен итен и без одложување повик на духовно будење. Апостолска должност на Мајката црква е да бара начини за спас на нашите браќа во Скопје и во Украина. Наша должност и одговорност е секогаш народите да ги вратиме кон вистината и кон канонските рамки на црквата. Бидејќи нашата Вселенска патријаршија се грижи за целиот свет и за сите народи и луѓе, без исклучок, рекол Вартоломеј, пренесува грчката новинска агенција АНА-МПА.

Вселенската патријаршија, истакнал Вартоломеј, никогаш не останувала настрана во ситуации кои го нарушуваат нормалното функционирање на православната црква. Вселенскиот патријарх повика на прифаќање на народот и „црквата на Скопје“ во православното единство, цитирајќи дел од посланието на апосотолот Павле до Коринтјаните дека „кога страда еден орган, тогаш страдаат сите органи, а кога се се радува еден орган, се радуваат сите“.

Светиот синод на Вселенската патријаршија на 29 мај годинава соопшти дека во рамки на нејзините надлежности и прерогативи, ќе биде разгледано и ќе се преземе тоа што е потребно за враќање на „црквата на Скопје“ во канонски рамки под името Охридска архиепископија. Соопштението следуваше по писмата упатени од МПЦ-ОА и од премиерот Зоран Заев во кои се бара Вселенската патријаршија да преземе чекори за признавање на автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, како рамноправна црква во православниот свет.

Би можело да ве интересира

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје