„Сијаоми“ ги претстави „Редми 8“ и „Редми 6А“

Од:

„Сијаоми“ ги претстави своите нови модели „Редми 8“ и „Редми 6А“ во Кина.

„Редми 6“ нуди 5,45-инчен ЛЦД дисплеј со сооднос од 18:9 и 720 x 1440 пиксели резолуција. Процесорот е 12 нм, 2.0ГХз Хелио П22, дополнет со три гигабајти РАМ меморија. На пазарот ќе се нудат верзии со 32 и 64 ГБ меморија за апликации. Камерата е двојна со главен сензор од 12 мегапиксели и втор со 5 MП резолуција.

Во согласност со модата, камерата вклучува вештачка интелигенција за режим на портрет и „боке“ ефект. Селфи камерата има резолуција од 5 мегапиксели и исто така може да се користи за отклучување на уредот. Задниот панел на телефонот, исто така, нуди сензор за отпечатоци.

Помалиот партнер „Редми 6А“ нема сензор за отпечатоци, го има истиот дисплеј и го користи процесорот со 4 -јадра Хелио А22 со работен такт од два гигахерци (исто така правен по 12 нм процес).

РАМ меморијата е намалена на 2 ГБ и 16 ГБ за апликации. Главната камера на поевтиниот модел е единствена и има резолуција од 13 мегапиксели. Батеријата има капацитет од 3000 милиампер часови и според „Сијаоми“, обезбедува до 19 дена во режим на мирување.

„Редми 6“ ќе се продава за 799 јуани (125 долари) со 32 ГБ РОМ и 999 јуани (156 долари) за варијантата од 64 ГБ. „Редми 6А“ ќе чини 599 јуани (93 долари).

Се уште нема информација кога ќе почне продажбата на овие модели во Европа.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска