Во Штип почна одбележувањето на Светскиот ден на крводарители

Од:

Во пресрет на Светскиот ден на крводарителите 14 јуни, денеска во просториите на Општинската организација на Црвениот Крст – Штип се одржа крводарителска акција на која беа собрани над триесетина крвни единици.

Викторија Андонова, секретар на ОО Црвен Крст – Штип вели дека е задоволна од акцијата, а воедно упати и апел до сите крводарители.

– Ги повикувам сите крводарители во четврток во Дом на млади со почеток во 19:00 часот, на свечено доделување на признанија, значи и благодарници за јубилејните крводарители, вели Андонова.

По повод Светскиот ден на крводарувањето и други општински организации на Црвениот Крст во источниот регион најавија дека ќе организираат вакви акции.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници

Гори борова шума над филтер-станицата кај Штип

А1он

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски