Османи: Владеењето на правото најважната придобивка за граѓаните од процесот на европски интеграции

Од:

Владеењето на правото претставува фундамент во изградбата на современо ефикасно и демократско општество и е најважната придобивка за граѓаните од процесот на европски интеграции. Ова денеска го потенцира вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на средбата со експертите кои се дел од Оценската мисија организирана од страна на ЕУ.

На средбата, како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, Османи истакнал дека од особено значење за напредокот на Република Македонија е подобрување на судскиот систем, особено во делот на управните спорови во јавната администрација на централно и локално ниво.

Оценската мисија, како што се наведува во соопштението, има за цел да ја процени ефикасноста и ефективноста на системот на управно право во државата и тоа во два сегмента-во управната постапка и управните спорови. На средбата со која и официјално почнува оваа мисија присуствуваа и министерката за правда Рената Дескоска и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

– Имајќи предвид дека е потребен добро функциониран систем на управна правда за силно, независно и ефективно судство, претстојната мисија нуди одлична можност за да се процени системот на управно одлучување во Република Македонија, оценил Османи.

Оценската мисија ќе трае четири работни дена, по што ќе следи подготовка на конечен Извештај со препораки кои ќе бидат составен дел од реформските процеси.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски