Германскиот производител на автомобили Фолксваген најави дека ќе воведе уште три смени во фабриката во Волфсбург, бидејќи досега има добиено над 100 илјади нарачки за новиот модел на Голф.
Новата седма генерација на Голф продолжува да ги руши рекордите на своите претходници, пренесува порталот „autoevolussn“.
Директорот на Фолксваген Мартин Винтеркорн, изјави дека од претставувањето на новиот Голф 7 неговата компанија добила над 100.000 нарачки за овој модел.
Винтеркорн нагласи дека наспроти преминот од Голф 6 на Голф 7 и неопходните технички промени на производните линии, Фолксваген испорачал над 800.000 примероци од овој модел во 2012 година.
Голф е деветта година најпродаван автомобил во Европа, додека во Германија веќе 37 години.