Работилница за размена на искуства за остварување на правото на компензација на жртвите од трговијата со луѓе

Од:

Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на Република Македонија денеска организираше работилница за размена на искуства за остварување на правото на компензација на жртвите од трговијата со луѓе.

Домаќин, како што соопшти МВР, на настанот беше националниот координатор за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на Република Македонија, Магдалена Несторовска.

Покрај претставниците од Националната комисија, Секретаријатот на Националната комисија, меѓународните организации и претставници од граѓанските здруженија, на настанот учествуваат и претставници од Република Косово, кои директно работеле на изготвување на Законот за компензација на жртви од кривични дела .

Целта на Работилницата беше презентирање на добрите пракси и искуства за изработка и имплементација на косовскиот Закон за обештетување на жртвите од кривични дела, искуства кои ќе бидат од бенефит при изработка на Законот за фонд за компензација на жртвите на насилен криминал во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола, поднесена е кривична пријава

ВИДЕО: Како работела лихварската банда – наплаќале огромни камати, одземале имот и живееле луксузно

Катерина Ѓуровски