214 фирми се приклучија кон проектот картичка “Мој Карпош“

Од:

Вкупно 214 бизниси кои функционираат на територија на Општина Карпош се приклучија во првата фаза од проектот “Моја картичка – Мој Карпош”. Правните субјекти беа посетени од страна на претставници од Секторот за развој при Општината, при што преку пополнување на соодветни обрасци се изјавуваше волја за соработка и висина на попуст за сите карпошани.

Во проектот се вклучија фирми од различни области: угостителство (кафулиња и ресторани), култура (театар), спорт (спортски сали), здравствена заштита (ординации), информатичка технологија, автомобилска индустрија и др.

Целта на овој проект е да се раздвижи економијата на локално ниво. Граѓаните, жители на Карпош да купуваат и да користат услуги по пониски цени, а локалните бизнис да имаат поголема посетеност и добивка.

Во претстојниот период ќе продолжи следната фаза на проектот каде што ќе се дефинираат критериумите за користење на картичката, изработката и другите детали.

Би можело да ве интересира

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје

Лукровски: Реконструкција на фасади, модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради во Карпош

Димитров: Ќе го вратиме животот во културните центри изградени во социјализмот