Се е подготвено за големата ЕКО акција „Мој Охрид, чист Охрид“, пријавени преку 1.500 учесници

Од:

Повеќе од 1.500 учесници се најавени за првото издание на големата ЕКО акција за чистење на крајбрежјето на Охрид „Мој Охрид, чист Охрид“, која ќе се одржи утре со почеток во 10:00 часот.

– Интересот е навистина огромен и на наше огромно задоволство охриѓани ја препознаа акцијата како своја и масовно се пријавуваат за учество на истата. До овој момент имаме пријавени околу 1.500 учесници, а испраќаме апел и до сите други да дојдат во најблиската зона до нив и да помогнат да го направиме нашиот прекрасен Охрид уште поубав. Оние кои ќе бидат спречени да дојдат на лице место, нека направат своја „мини акција“ во домовите, зградите, фирмите и секаде каде се во можност. Организирани се сите технички делови на акцијата и извршена е детална координација со одговорните во ЈП „Охридски комуналец“ и општина Охрид. Се` е подготвено за првото издание на акцијата и се надеваме дека ќе имаме убаво време и успешна акција, порачуваат организаторите.

Големата ЕКО акција „Мој Охрид, чист Охрид“ ќе се одржи во утре со почеток во 10:00 часот. Ќе се чисти на потегот од населбата Воска до хотелот „Десарет“, поделен на 9 реони. Првиот реон е комплетно чистење на плажата кај Воска, следен реон е Стариот град, потоа потегот од мостот до плажата „Golden beach“, потоа до „Славија“, зона 5 е од „Славија“ до хотел „Аквалина“, потоа до хотел „Гранит“, следната зона е до хотел „Метропол“, зона 8 е од хотел „Метропол“ до плажа „Атлантис“ и последниот реон е до Пештани и хотел „Десарет“. За сите учесници се обезбедени вреќи, вода и ракавици, а посебни екипи на охридскиот Црвен крст со медицински ранци ќе се при рака при евентуални поситни повреди. Исто така е обезбеден превоз со автобуси на АД „Галеб“ до подалечните плажи (тргнувањето е од пред ОУ „Григор Прличев“ на Бул „Туристичка“ од 09:00 до 10:00 часот). На крајот на акцијата, вработените во ЈП „Охридски Комуналец“ ќе го соберат ѓубрето и ќе го однесат на соодветна локација.

Би можело да ве интересира

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион