Асфалтирање и крпење ударни дупки на патишта во Крива Паланка

Од:

На повеќе локации во Крива Паланка, и околните населби се работи на асфалтирање на делови од улици и одржување комунална инфраструктура.

Од локалната самоуправа на општината информираат дека Одделението за изградба и одржување на комунална инфраструктура интензивно работи на повеќе локации во градот и селските населби на различни градежни активности.

– Продолжува интензивно реализацијата на проектот за замена на азбестно цементните цевки, во тек се активности на дел од улицата „8-ми Октомври“. На истата улица се врши и санација на руиниран стар потпорен ѕид, а во наредниот период се планира и поставување на нов слој на асфалтен коловоз на дел од улицата. Санација на потпорни ѕидови е направена на улиците „Ристена Гогова“, „Калин Камен“ и „Јане Јакимовски“, информираат од општината.

Посочија дека по поројните дождови што ја зафатија општината, работено е на санација и тековно одржување на локалната патна мрежа. Санирани и тампонирани се земјани патишта во атарот на селата: Мождивњак, маала Серафимовци, село Т‘лминци, каде покрај санација на патот е поставена и нова водоводна линија од 500 метри, Кошари, Варовиште, Костур.

Во тек се и активности за крпење на ударни дупки и санација на делови од улици во градското подрачје, а оваа активност во наредниот период ќе се интензивира, поради што од општината апелираа граѓаните да бидат претпазливи и да имаат разбирање за отежнатото одвивање на сообраќајот, на локациите каде се работи.

Би можело да ве интересира

Гори борова шума во кривопаланечко, пожарот се прошири кон Србија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: Градоначалникот тепач од Крива Паланка, пред јавноста глуми жртва, а во суштина се однесува шерифски во општината

Митовски: Пожарите во Крива Паланка се локализирани, но сѐ уште постои опасност од разгорување

ЦУК: „Ер тракторот“ дејствува во Крива Паланка, а хеликоптерот на МВР е упатен кон селото Орман

Се разгорува пожарот над Крива Паланка

Филипче: Сашко Митовски ја доби поддршката за кандидат од СДСМ за втор мандат

Горан Наумовски