Марк Цукерберг влегува во политиката

Од:

Сопственикот на социјалната мрежа „Фејсбук“ Марк Цукерберг одлучи да влезе во политиката, а идниот месец ќе организира донаторска вечер за Крис Кристи, републиканскиот гувернер на Њу Џерси и потенцијален претседателски кандидат на изборите во 2016 година.

Вечерта ќе биде организирана на 13 февруари во домот на Цукерберг во Калифорнија, а сите што сакаат да присуствуваат ќе треба да платат 3.800 долари.

Сопственикот на Фејсбук досега не даде политичка поддршка ниту за демократите, ниту за републиканците, освен што двапати се сретна со претседателот на САД Барак Обама, додека тој беше во посета на Силиконската долина.

Портпаролката на Фејсбук Сара Фајнберг изјави дека Цукерберг се запознал со гувернерот Кристи пред две години, кога дал донација од 100 милиони долари за училиште во градот Њуарк, во Њу Џерси.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он